„Бог да ми те чува и пази“ - Јоце Панов му го честиташе 5-тиот роденден на синот со семејни фотки
- Детали
- вторник, 03 декември 2024
Исти фризури, одење заедно на чорба... Јоце Панов по повод роденденот на синот Лука откри како ги минуваат заедничките мигови. „Убав е на мама“ се пошегува на своја сметка Јоце Панов во едно интервју за CRNOBELO.com за својот наследник.
Пејачот и професор по музика, Јоце Панов, и неговата сопруга Марина, се горди родители на синот Лука, кој сега наполни 5 години.
Во интервју на тема татковство Joце Панов за CRNOBELO.com откри дека синот му е најголемата среќа во животот и изјави:
„Откако наполни 3 години почесто минуваме време сами јас и Лука. Одиме заедно да шетаме.
Го носам секаде - и во парк и на игралиште и во кафуле. Веќе сам си бара кафе кога ќе седнеме некаде“.
По повод роденденот на Лука, Јоце Панов сега на неговиот Фејсбук профил напиша:
„Среќен 5-ти роденден синко Лука. Бог да ми те чува и пази“.
Јоце објави повеќе заеднички фотографии:
Повеќе семејни фотографии:
С. С. | Црнобело