Се сврши со кошаркар, кул стил: Новинарката Александра Спировска на промоција кај ќерката од бракот со Пере Нокаут
- Детали
- петок, 27 јануари 2023
По два брака, од кои има 3 прекрасни деца, Александра Спировска одново ѝ дава шанса на љубовта, а сега со саканиот се појави на промоцијата на песната „Follow“ на ќерката Миа Перевска, што ја има од бракот со Пере Нокаут.
Новинарката Александра Спировска од првиот брак со музичарот Никола Перевски Пере ги има двете ќерки Миа и Каја, од вториот брак го има синот Вилен, а сега таа повторно ѝ дава шанса на љубовта, односно на крајот од 2022 година се сврши со кошаркарот Милан Димитриески.
Александра, на која препознатлив знак ѝ се тетоважите на телото, сега има и специфична фризура со половина избричена глава и изгледа навистина кул.
Нејзиниот сакан Милан на крајот од 2022 година, односно на 30 декември, на својот Инстаграм профил сподели фотографија од свршеничкиот прстен што ѝ го дал на Александра и во описот напиша:
„Од Прага засекогаш ДА“.
Парот неодамна присуствуваше на промоцијата на спотот на песната „Follow“ на Миа Перевска, а Александра ѝ беше најголема поддршка на ќерка си.
„Горда мајка, да се множат успеси“, напиша таа, а покрај неа се разбира беше и ќерката Каја.