Мелани Тарчуловска по настапот во „Ѕвездите на Гранд“ за односот со мајка ѝ Соња: „Таа ми е најголем критичар“
- Детали
- среда, 04 јануари 2023
„Како најголем критичар кога се работи за мојата професија, секогаш ја спомнувам мајка ми Соња со која сум исклучително блиска...“, споделува Мелани Тарчуловска (17) од Скопје за CRNOBELO.com, која штотуку го помина првиот круг во „Ѕвездите на Гранд“ и ни открива какво искуство било тоа.
Мелани Тарчуловска (17) од Скопје моментално изучува последна година во музичко училиште како музичар-теоретичар, а талентот за музика го наследи од нејзината мајка – пејачката Соња Тарчуловска.
Таа неодамна се појави во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а за својот настап, но и односот со мајка ѝ, говори за CRNOBELO.com.
Мелани за CRNOBELO.com вели:
„Како најголем критичар кога се работи за мојата професија, секогаш ја спомнувам мајка ми со која сум исклучително блиска.
Без разлика што ми е родител, сметам дека таа најискрено може да ми даде совет за сѐ, што за мене е доста важно.
Штотуку го поминав првиот круг во „Ѕвездите на Гранд“ и можам да кажам дека е големо искуство за мене со оглед на тоа дека сум една од поновите изведувачи на нашата музичка сцена.
Сѐ си бара големо трпение и континуитет во работата за подобри и поголеми резултати.
Сосема разбирливо дека тремата беше присутна на мојот прв настап. Почетник сум, времето е пред мене.
Најважно од сѐ, со оглед на тоа дека денес секој има можност да стане слушнат пеач, би додала дека јас го сакам тоа што го правам и тоа е единствената работа која искрено ме засега од кога знам за себе.
Како што кажав продолжуваме и понатаму во „Ѕвездите на Гранд“ со добиени 5 гласа од жирито. Имаше доста смеа и емисијата течеше во доста позитивно расположение.
Благодарна сум на сите убави коментари и можноста која ми е пружена да покажам на што сум спремна.“
https://www.instagram.com/p/Cj0KLgXsDrY/
Нејзиниот настап (oд 1 час и 26 минути):
С. С. | Црнобело