Хуман потег! Нуркачи поставија подводна новогодишна елка во Охридското Езеро за дечињата со ретки болести
- Детали
- понеделник, 26 декември 2022
Традиционално и годинава, нуркачите во Охрид со хуман потег - китење на подводна новогодишна елка за децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.
Традиционално и годинава, нуркачите од нуркачкиот центар Амфора накитија подводна новогодишна елка во Охрид.
Објавата од нивниот Инстаграм профил:
„Нуркачите од нуркачкиот центар Амфора од Охрид во Музејот на вода, традиционално и оваа година, ја накитија подводната новогодишна елка и на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат новата 2023 година.
Како и секоја и оваа нова 2023 година нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.
Посетителите на Музејот на вода, ќе можат да ја видат елката од денес, па до крајот на јануари.“
С. С. | Црнобело