Спасени животни, бројни хумани гестови: Убави и забавни моменти во Македонија по кои ќе ја помниме 2022 година
-->
Јове од Битола спаси куна која била речиси мртва кога ја пронашол негов пријател. Јове решил да не дозволи да умре – ја однел на ветеринар ја хранел со цуцла и ѝ давал витамини – па сега таа е негово милениче.
Ова не е единствената топла приказна за повредено животно кое било спасено од хумани луѓе. Кучето Локумче било најдено во скопско село со многу лоша состојба на очите, а на крај и ги изгуби. Но, сега Локумче има ново семејство и топол дом во Германија.
Од инспиративните приказни што ги слушнавме годинава, дефинитивно се истакнува Србинот Алекса Петровиќ кој со инвалидска количка беше дел од овогодишниот охридски маратон „Охрид трчат“.
-->
Исто така, мора да ја спомнеме и 79-годишната баба Милка која се качи на Бислимската Клисура, и тоа со вештачки колк.
Детскиот цртеж за изгубеното маче Маза Попова ни ги стопли срцата и ја покажа искрената детска љубов кон милениците. Не е познато дали Маза е најдена и искрено се надеваме дека детенцето повторно е со својот миленик.
Во Македонија беше изведена првата трансплантација на црн дроб од починат дарител - 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган.
Спирова С. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“
„Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот...
„Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин...
„Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск...
Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки
Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5...
Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
-->