Денес имаме затемнување на Сонцето – не смеете да го фотографирате, а на плоштад ќе биде поставен телескоп за безбедно гледање
- Детали
- вторник, 25 октомври 2022
„Гледањето на затемнувањето на Сонцето со двоглед, апарат или телескоп без соодветни филтри е полошо и од гледањето со голо око“ – предупредуваат офталмолозите. Каде во Скопје можете безбедно да го проследите реткиот небесен феномен и во колку часот?
Денес (25.10.) ќе имаме можност да проследиме редок феномен на небото, кога Месечината делумно ќе го прикрие Сонцето, а со цел граѓаните да можат безбедно да го набљудуваат овој феномен Скопското астрономско друштво најави дека на плоштадот ќе биде поставен телескоп.
Настанот ќе започне од 11:30 часот, а максимумот на затемнувањето се очекува да се случи околу 12:30 часот.
Според проценките, кај нас Месечината ќе го преклопи Сонцето околу 30 проценти.
Како ќе го гледаме, во колку саат и другите поважни детали можете да видите на линкот: https://www.timeanddate.com/eclipse/in/republic-of-macedonia/skopje
Posted by Скопско астрономско друштво / Skopje Astronomical Society on Monday, October 24, 2022
Инаку, граѓаните се предупредуваат да не го набљудуваат Сонцето со голо око, ниту пак да користат оптички инструменти без соодветни филтри затоа што може да се оштети видот.
Дури и кога нема затемнување, уште од најмали нозе нѐ учат дека не е безбедно да се гледа директно во Сонцето затоа што така ќе го оштетиме видот.
За време на реткиот феномен на небото, можеби нема да почувствувате проблеми додека го набљудувате настанот, но според офталмолозите, на тој начин буквално ги горите клетките на ретината, а тие не се обновуваат.
Вајк Винсенте, педијатриски офтамолог, за Wasingthon Post говореше за тоа зошто не е безбедно да се набљудува реткиот феномен на небото ниту со употреба на фотоапарат или камери.
Оштетувањето на очите уште се нарекува и соларна ретинопатија, а ретината е делот од окото што ги пренесува информациите до мозокот, па така долготрајното гледање во Сонцето без заштита може да предизвика оштетување на ретината и да доведе до делумно или целосно слепило.
„Гледањето со двоглед, апарат или телескоп без соодветни филтри е полошо и од гледањето со голо око, затоа што овие оптички уреди може да дејствуваат како лупа и ги засилуваат сончевите зраци и може да ви нанесат поголема штета на очите“ – вели тој.
Ако сакате да направите фотографија или да го снимате затемнувањето на Сонцето потребно е да користите посебни филтери.
Б. С. Б. | Црнобело