Кристина Димитри за односот со бившиот сопруг: „Син ми нема полубрат, ниту брат – фамилијата е таа со која растеш“

„Фамилијата е таа со која растеш“ – рече Кристина Димитри на прашањето дали Даниел Кајмакоски е вклучен во животот на нивниот син Давид. Како што вели, нејзиниот син не го запознал својот полубрат.

kristina-dimitri-za-odnosot-so-bivshiot-soprug-sin-mi-nema-polubrat-nitu-brat-familijata-e-taa-so-koja-rastesh-01.jpg

Нашата пејачка Кристина Димитри гостуваше во емисијата „Ти реков ми рече“ на Давид Давидовски, каде меѓу другото зборуваше и за односот со нејзиниот поранешен сопруг Даниел Кајмакоски, но и за односот што син ѝ Давид го има со него.

Таа одговараше на прашања поврзани со нејзиниот поранешен сопруг, и за тоа дали нивниот син го запознал својот полубрат Стефан, кој се роди во април годинава.

kristina-dimitri-za-odnosot-so-bivshiot-soprug-sin-mi-nema-polubrat-nitu-brat-familijata-e-taa-so-koja-rastesh-05.jpg

Кристина на својот Инстаграм профил сподели инсерт од емисијата каде што зборува за односот со Даниел, кој на почетокот на оваа година се ожени со непозната девојка и стана татко по вторпат.

Нашата пејачка рече дека во грижата за синот има најголема поддршка од нејзиното семејство – мајка ѝ, татко ѝ и брат ѝ.

kristina-dimitri-za-odnosot-so-bivshiot-soprug-sin-mi-nema-polubrat-nitu-brat-familijata-e-taa-so-koja-rastesh-02.jpg

Вели дека брат ѝ е клучна татковска фигура во животот на Давид, затоа што го носи на карате, фудбал и постојано е со него, а на прашањето дали детето се прашува каде е татко му и зошто не му помага, Кристина одговори:

„Не, не се прашува. Мојот син е израснат со мене, мајка ми и татко ми и ние сме негово семејство.

Кој и да го види, вели дека не видел посреќно и понасмеано дете“.

kristina-dimitri-za-odnosot-so-bivshiot-soprug-sin-mi-nema-polubrat-nitu-brat-familijata-e-taa-so-koja-rastesh-06.jpg

На прашањето дали Давид го запознал својот полубрат, многумина не го очекуваа директниот одговор на Кристина:

„Давид нема полубрат, нема брат, туку мојот брат го вика брат“.

На прашањето дали Даниел не се вклучува како биолошки татко, нашата пејачка дипломатски одговори:

„Фамилијата е таа со којашто растеш“ и не сакаше да одговори на прашањето дали поранешниот сопруг се јавува и прашува за биолошкиот син.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Кристина Димитри со порака до бившите на нејзиниот дечко: „Јас сум жената за која го промени животот... „Да, јас сум единствената жена во која се заљубил во неговиот живот. Има ра...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg