Емилија Розман на романтична вечера во Охрид, откако скрши 11 ребра во „Заливот на коските“ – брат ѝ се шегува на нејзина сметка
- Детали
- вторник, 06 август 2024
Емилија Розман по незгодата кај „Заливот на коските“ повторно се врати во Охрид. Мисицата позира со маичка, со натпис „таа што падна“, а брат ѝ на шега ѝ направи видео упатство за безбедно фотографирање.
На почетокот на минатиот месец, поранешната мисица Емилија Розман имаше несреќа во Заливот на коските во близина на Охрид.
Според соопштението на СВР Охрид, таа при фотографирање со метална ограда паднала и се повредила.
Самата во објава на Инстаграм потврди дека скршила 11 ребра, а имала и повреда на белите дробови.
Сега, нешто помалку од еден месец по несреќата, Емилија повторно се врати во Охрид, а се обиде и самата да се пошегува на сопствена сметка, па позираше во маичка со натпис:
„Која е приказната зад моите скршени ребра? Изберете една од овие:
1. Убив гризли мечка;
2. Се борев со учител по кунг фу;
3. Паднав од авион;
4. Запрев воз во движење;
5. Ме згази слон;
6. Прегрнав сумо борач;
7. Избегав од пранги;
8. Скокнав од Големиот кањон;
9. Реконструкција на ‘Заливот на коските’“
На задниот дел од маичката стои натписот, со кој Розман се пошегува со големото внимание што го привлече нејзината несреќа:
„Таа што падна во Заливот на коските“.
До фотката Емилија накратко напиша дека брзо закрепнува и дека се чувствува одлично, па како што може да се види, веќе и самата се смее на инцидентот:
„Не ве слушам од маичката. И не ја барам мајка ми пак тука, дома е, да не ја мислите.
Супер сум, ви благодарам од сѐ срце на сите, е сега уште еден период нема да можам да скијам, што не е многу страшно со оглед на тоа дека е лето, а не ни знам да скијам.
Важно е да сте добри луѓе. Сѐ друго како било пишано“.
Освен Емилија, со несреќата се пошегува и нејзиниот брат Боби Розман, кој ѝ направи видео упатство за безбедно фотографирање.
Инаку, таа објави уште едно видео во кое може да се види дека додека е во Охрид, таа имала можност да се дружи со професорот Анис Сефиданис, па заедно биле на вечера на брегот на Охридското Езеро и го гледале зајдисонцето.
Б. С. Б. | Црнобело