Уникатно откривање на пол на бебенце со маскоти кај Скопскиот аквадукт - сестричката пресреќна (видео)
- Детали
- вторник, 25 октомври 2022
„Братче или сестриче, прашање е сега?“ – Малата Фрида од Скопје на уникатен начин дозна дека ќе стане постара сестричка на братче, кога синото џиновско бебе-маскота ја крена во раце.
Фрида е мала модна инфлуенсерка од Скопје, која има 10.000 следбеници на Инстаграм профилот, воден од нејзината мајка, со кои сега сподели дека ќе стане постара сестра.
Нејзините родители ѝ приредија уникатен начин на откривање на полот на бебето и тоа со џиновски маскоти во вид на бебиња.
Фрида кај Скопскиот аквадукт ја дочекаа огромно сино и розово бебе, а по кратката забава со нив, синото бебе ја крена во раце и ја гушна и со тоа Фрида дозна дека ќе има братче.
Уникатниот начин на откривање на полот:
Прочитајте и 2-годишно девојче од Скопје е мала модна икона на Инстаграм (фото)
С. С. | Црнобело