Интересни сцени од Македонија за кои нема да поверувате дека се кај нас (фото)

Табли од хумани локали кои нудат топол оброк за сите кои не можат да си го дозволат, црвено светло отсликано на тротоар за сите пешаци кои зјапаат во телефони надолу со главите, смешни натписи на тезги на пазар, натпис „Сакајте си ги родителите“ на семафор и уште неколку интересни ситуации за кои нема да поверувате дека се во Македонија. 

interesni-sceni-od-makedonija-za-koi-nema-da-poveruvate-deka-se-od-kaj-nas-01.jpg

Честопати пишуваме за кул работи во другите земји низ светот кои сме ги виделе ние или други луѓе ги споделиле на социјалните мрежи. 

Овојпат, решивме да се фокусираме на уникатни и интересни работи кои може да се сретнат само кај нас, или можеби ги има и на други места, но нема да поверувате дека постојат и во нашата земја. 

Уникатни и кул дизајни, идеи или иницијативи кои нема шанси да ги одминете ако ги видите и да не ви го одвлечат вниманието. 

Интересни сцени на кои сме наишле во Македонија:

Кул натписи на тезга во Скопје и во пилјара во Гевгелија

interesni-sceni-od-makedonija-za-koi-nema-da-poveruvate-deka-se-od-kaj-nas-02.jpg

Трансформатори со графити и кул цртежи од уметник кој ги разубавува улиците низ Скопје 

interesni-sceni-od-makedonija-za-koi-nema-da-poveruvate-deka-se-od-kaj-nas-03.jpg

Семафори низ Скопје кои имаат тастер за пешаците, со кој се вклучува зелено светло за нив 

interesni-sceni-od-makedonija-za-koi-nema-da-poveruvate-deka-se-od-kaj-nas-foto.jpgфото извор

Црвеното светло за пешаци на семафорите на „Рекорд“ се отсликува и на земја, за оние кои „зјапаат“ во телефони 

interesni-sceni-od-makedonija-za-koi-nema-da-poveruvate-deka-se-od-kaj-nas-04.jpg

Натпис на картон „Сакајте си ги родителите“ кој ќе ви ги стопли срцата додека чекате на семафор во центарот на Скопје 

interesni-sceni-od-makedonija-za-koi-nema-da-poveruvate-deka-se-od-kaj-nas-05.jpg

Куќарка за бесплатно оставање и разменување книги во Градскиот парк во Скопје (која за жал за кратко беше демолирана, но сепак е убава иницијатива)

interesni-sceni-od-makedonija-za-koi-nema-da-poveruvate-deka-se-od-kaj-nas-06.jpgфото: Град Скопје

Табли од хумани локали во Скопје кои нудеа бесплатни оброци за лица кои не можат да си дозволат

Бонус: Само кај нас може да се види зеленото и црвеното светло да свети во исто време... 

interesni-sceni-od-makedonija-za-koi-nema-da-poveruvate-deka-se-od-kaj-nas-07.jpg

Ако имате да додадете нешто на листата, испратете ни фотка со опис на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Бајковит 5-ти роденден на девојче од Скопје – замок за скокање, бели гулаби и кул катче со телефон з... Славеничката во бело фустанче со плетенки, се забавува под виножито од балони, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg