Капетан Америка и бизнисмен со одело - двајца момци се хит маратонци на Скопски маратон 2022 (фото)
- Детали
- понеделник, 03 октомври 2022
Едниот ни е добропознат, тој секоја година е различен суперхерој, но другиот го гледаме за првпат... Хит маратонците годинава се Христијан Проданов и Дамјан Гроздановски.
Вчера (02.10) се одржа Скопски маратон 2022, а учество земаа илјадници маратонци од земјава и странство.
Меѓу сите нив највпечатливи беа Христијан Проданов, кој трчаше како суперхеројот Капетан Америка и Дамјан Гроздановски, кој трчаше во одело.
Христијан веќе е добропознат по костимите на суперхерои со кои трча секоја година, но Дамјан го гледаме за првпат.
Дамјан полумаратонската патека од 21 километар ја истрча за време од 1:45:09.
Хит маратонците од Скопски маратон 2022:
фото: Дарко Цветаноски - Фејсбук Скопски маратон
фото: Инстаграм
фото: Горан Анастасовски
фото: Горан Анастасовски
фото: Инстаграм
Официјални фотографии од Runpage Скопски маратон 2022:
Прочитајте и Откриен идентитетот на мистичниот Аквамен од Скопски маратон 2021 (фото)
С. С. | Црнобело / фото: Горан Анастасовски / Дарко Цветаноски