Сашко Коцев прослави 10 години брак - повторно со омилената фотографија од свадбата, како и лани и преклани
- Детали
- четврток, 22 септември 2022
Омилените жени во животот на Сашко Коцев се добропознати – неговата сопруга докторката Смиљана и ќерката Јоана, а веќе стана добропозната и неговата омилена фотографија од свадбата. Секоја година со истата ѝ честита брак на саканата...
Сашко Коцев денес (22.09) слави 10 години брак со својата сакана Смиљана Бундовска. Актерот и шармантната докторка се венчаа во 2012 година во Куршумли Ан, а во 2017 година се реализираа и во улогата на родители.
Тие ја добија ќеркичката Јоана. Инаку, Коцев ја запроси Смиљана јавно на манифестацијата Златна бубамара на популарноста.
„Пред 9 години, ова време веќе ја врзував краватата“, напиша лани на својот Фејсбук профил Сашко Коцев во описот на омилената фотографија од неговата свадба по повод годишнината од брак.
https://www.facebook.com/sasko.kocev.10/posts/10158759163342029
Оваа година повторно ја објави истата фотографија само со краток опис „10-ка“. Описот беше краток и по повод 8 години брак, во 2020-та - стоеја само датумите.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10159363844117029&set=a.62993932028&type=3
С. С. | Црнобело