Фудбалерот Дарко Велковски со сопругата Тамара Чуприна и синчето го прослави 27-миот роденден во Грција
- Детали
- петок, 24 јуни 2022
„Среќен роденден тати, те сакаме!“, гласи описот на фотките кои ги објави Тамара Чуприна. Фудбалерот ужива во одморот со сопругата и синот Ведран.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски, кој игра во одбраната на фудбалскиот клуб Риека, постојано е на пат поради работните обврски, па секој слободен миг сака да го искористи за релаксација со сопругата Тамара Чуприна Велковска и нивниот син Ведран.
Парот живее на релација Македонија-Хрватска, а како летна дестинација годинава ја избраа Грцијa.
На плажите на првиот крак тие уживаат во капење и сончање, а Дарко токму таму го прослави и својот 27-ми роденден, во прегратка со саканите на 21-ви јуни.
По тој повод Тамара објави фотографија на која се тројцата и напиша: „Среќен роденден тати, те сакаме!“
Дарко Велковски на одмор со саканата:
Прочитајте и Торта со бебенце и многу балони - како фудбалерот Дарко Велковски и Тамара Чуприна го пречекаа синчето дома? (фото)
С. С. | Црнобело