Торта со бебенце и многу балони - како фудбалерот Дарко Велковски и Тамара Чуприна го пречекаа синчето дома? (фото)
- Детали
- петок, 11 февруари 2022
Малиот Ведран беше дочекан со многу балони и совршена торта со бебенце... Братот на Дарко Велковски, односно нашиот ракометар Мартин Велковски, и Тамара Чуприна блескаат со насмевки при излегувањето од болница.
Кај нашиот фудбалер Дарко Велковски годината започна и се одвива одлично. Тој стапи во брак со својата сакана Тамара Чуприна на почетокот од годината, а неодамна се реализираа во улогата на родители на малиот Ведран.
Сега, малиот Ведран е во нивниот дом, каде пречекот беше со многу сино-бели балони, совршена торта со бебенце и одлична атмосфера.
На излегување од болница Тамара ја придружуваше братот на Дарко Велковски, односно нашиот ракометен репрезентативец Мартин Велковски.
фото: Инстаграм стори Тамара Чуприна Велковска
Тамара на својот Инстаграм профил напиша: „Добредојде дома Ведран.“
Како изгледаше пречекот на малиот Ведран:
Прочитајте и Се ожени фудбалерот Дарко Велковски – неговата бремена партнерка блеска на свадбата (фото)
С. С. | Црнобело