Мартија Станојковиќ прошета со „отпечатоци“ од вакуум масажа на грбот (фото)
- Детали
- среда, 08 јуни 2022
Младата пејачка се прошета во спортско издание со кружни отпечатоци на грбот... Што е вакуум масажа со чашки?
Мартија Станојковиќ со своите 71.000 следбеници на Инстаграм сподели фотографии на кои позира во спортско издание, а на грбот ѝ се гледаат кружни отпечатоци со правилна форма, кои очигледно се последица на вакуум масажа.
Овој тип на масажа се изведува со помош на вакуум чашки кои вршат локално вшмукување на крв и лимфа во кожата од поткожното ткиво со што се предизвикува рефлексно влијание на крвните садови во внатрешните органи.
Се смета дека ефекти од вакуум терапијата се подобрување на циркулацијата на крвта и на метаболизмот на кожните ткива, потоа зајакнување на кожата, олеснување на вкочанетоста во грбот и низа други придобивки.
Ким Кардашијан уште во 2016 година споменуваше дека користи ваков тип на третман за олеснување на болките во грбот.
Нашата млада пејачка од Куманово се прошета со отпечатоците од масажата на грбот.
https://www.instagram.com/p/CegnyuToiHK/?hl=en