Мартија Станојковиќ провокативна во фустан со отсечоци - Ја покажа тетоважата на грбот (фото)
- Детали
- четврток, 08 февруари 2024
Во црн фустан-ролка, со длабок шлиц и гол грб, Мартија Станојковиќ покажа зошто го носи епитетот на една од најзгодните наши млади пејачки.
Пејачката Мартија Станојковиќ, која се прослави со музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“, на својот Инстаграм профил објави фотографии од еден од нејзините настапи што ги имаше изминатиов период.
Мартија, која важи за една од најталентираните, но и најзгодни млади пејачки кај нас, овој пат привлече внимание со својот изглед.
Таа носеше секси црн фустан-ролка со шлиц до колкот и отворен грб, па ја истакна тетоважата на која се испишани два важни датуми од нејзиниот живот.
Целиот стајлинг го дополни со бели салонки со ремче и дискретна шминка.
„Вистински авион“ - ѝ напишаа во коментарите.
Младата пејачка изминатиов период често настапуваше во локалите низ Македонија со својот бенд. Таа најави дека следниот настап ќе ѝ биде во Штип.
Преку Инстаграм Стори, пак, најави и дека наскоро ќе има нова песна.
А. Ј. | Црнобело