Тамара Тодевска во бел фустан со смело деколте за вечерната прослава на 37-миот роденден (фото)
- Детали
- четврток, 02 јуни 2022
Тамара на својата роденденска послава во еден скопски локал зрачи со сексапил во бел фустан, откако драстично ослабе по низата редовни, напорни тренинзи со нејзиниот персонален тренер.
Вчера (01.06) Тамара Тодевска го прослави 37-миот роденден, денски во кругот на семејството со торта од различен тип на слатки, додека вечерата повторно со сопругот, двете деца, но и со најблиските пријатели.
Пејачката славеше во еден скопски локал, а за таа пригода облече бел, макси фустан со длабоко деколте.
фото: Инстаграм Стори Тамара Тодевска
Тамара вели дека никогаш не се чувствувала подобро во животот.
Таа изгледа навистина фит и секси и напорните тренинзи со нејзиниот персонален тренер Мартин Видоевски дефинитивно се исплатат.
фото: Инстаграм Стори Тамара Тодевска
На забавата беше присутна и сопругата на Мартин и пријателка на Тамара, Загорка Видоевска која сподели фотографии од роденденската атмосфера.
С. С. | Црнобело