Александра Шијакоска на прошетка со партнерот, по 4-те операции (фото)
- Детали
- вторник, 03 мај 2022
Со саканиот под рака, Александра Шијакоска се прошета во виолетов костим, тренди како и секогаш, откако го остави тешкиот период зад себе.
Александра Шијакоска излезе на прошетка по тешкиот период во кој доживеа дури 4 операции и тоа со најблиските, меѓу кои нејзиниот партнер.
Со саканиот под рака, таа се прошета во виолетов костим, тренди како и секогаш.
Со фотографиите Шијакоска им честиташе Рамазан Бајрам на сите пријатели од муслиманска вероисповед.
„Честит Рамазан Бајрам на сите мои пријатели и сакани. Да сте ми живи, здрави и уште долго да си славиме заедно...“
Нашата инфлуенсерка периодов знае да објави по некое видео или фотка од архивата, но среќни сме што полека, но сигурно си го враќа своето нормално животно темпо.
Прочитајте и „Кога гледам колку сум сакана, многу ми се живее“ - Александра Шијакоска ја објави првата фотографија од себе дома, по операциите (фото)
С. С. | Црнобело