Патот кон Галичник на пролет, со натрупан снег отстрана, е неверојатна глетка (фото)
- Детали
- четврток, 28 април 2022
Патот кон Галичник на почетокот од пролетта е неверојатна глетка, снегот натрупан може да достигне и висина на човек. Сандра Ристеска и Наталина Синдилиева ни ја доловуваат сцената оттаму...
Патот кон Галичник во зимскиот период е непрооден поради огромни наноси на снег, но по чистењето во пролетните денови изгледа неверојатно со купот снег тргнат настрана.
Поточно, се чисти пред Велигден, а во тој предел снегот може да држи дури до јуни.
Се случува натрупаниот снег отстрана да достигнува и до просечна висина на човек.
Како изгледа чистењето на снегот и ситуацијата потоа, за CRNOBELO.com доловуваат Сандра Ристеска и Наталина Синдилиева.
Сандра Ристеска
Наталина Синдилиева
Сандра има потекло оттаму и во секоја можна пригода го посетува овој прекрасен крај, а пак Наталина е вљубеничка во возењето на АТВ и овој предел ѝ е омилен за нејзините авантури.
Погледнете го снежниот пат кон Галичник низ нивните фотографии:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело