Кристина Арнаудова од Италија во Банско - го покажа згодното тело, учи да пука (фото)
- Детали
- среда, 07 август 2024
„Како за некој што не фатил оружје, три од три е јака бројка“, напиша Арнаудова на фотографија што ја сподели на Инстаграм и откри дека првпат пука.
Кристина Арнаудова, која неодамна се врати од семеен одмор во Италија, неколку дена беше и во Банско, Бугарија.
Пејачката оттаму сподели неколку фотографии на Инстаграм Стори, па покажа дека ѝ годи и одморот на планина.
Таа се лулаше на лулашки на детско игралиште, пливаше во базен, а откри и дека првпат пробала да пука.
„Првпат со пиштол во рака. А не сум фан на оружје ич“, напиша таа на една од фотографиите што ги објави.
По ова, проба да пука и со воздушна пушка.
„Како за некој што не фатил оружје, три од три е јака бројка“, вели таа.
Погледнете ги фотографиите:
Прочитајте и Кристина Арнаудова ужива во шармот на Италија со семејството: Историја, вкусна храна, забавни паркови
А. Ј. | Црнобело