Гламурозен 40-ти роденден на Македонка - балони, цветни декорации, раскошна тоалета (фото)
- Детали
- петок, 25 февруари 2022
Некогашната наша мисица Маја Глигоровска, која денес е наставник во основно училиште, прослави гламурозен 40-ти роденден во раскошен стил, облечена во кусо светкаво фустанче и „Пепелашка“ чевли.
Маја Глигоровска, некогашната наша мисица и модел, а денес наставник во скопско училиште, го прослави својот 40-ти роденден во раскошен стил.
Со многу балони, цветни декорации и табла на која пишуваше „Добредојдовте на 40-тиот роденден на Маја“.
Маја за оваа пригода носеше раскошна креација, а како и секогаш препознатлив знак ѝ беше долгата руса коса, поради која многумина ја нарекуваат и македонската Парис Хилтон.
https://www.instagram.com/p/CaSpSF4ryjV/
Таа има завршено Педагошки факултет, а е и Магистер по Односи со јавност.
Најголема гордост ѝ е синот Константино, кој милува да го нарекува Тино, а токму и така е потпишана на својот Инстаграм профил Маја Тино.
Нејзината роденденска прослава:
https://www.instagram.com/p/CaSpCuNLMkj/
https://www.instagram.com/p/CaSpLMrrKbE/
С. С. | Црнобело