На малиот Војдан му е потребна голема помош: Секоја донација е нов чекор напред
- Детали
- понеделник, 21 февруари 2022
Скопје, 21.02.2022 – Среќно и безгрижно детство без здравствени проблеми е желба на секој родител и згрижувач на секое дете. Малиот Војдан Спасовски уште во својата прва година од животот нажалост се соочува со еден од најстрашните непријатели на денешницата – церебрална парализа.
На малиот Војдан му е потребна голема помош, затоа што секоја донација, без разлика колку голема, е нов чекор напред во неговата секојдневна борба.
Технологијата и модерните можности за неопходната интензивна рехабилитација и физикална терапија во Загреб, пропратени со редовни контроли и мултидисциплинарно следење на состојбата, константни вежби, како што е и наведено во препораката од „Поликлиниката за физикална медицина и рехабилитација“ од Загреб, се шансата Војдан да продолжи да го живее животот, којшто штотуку му започнува и којшто го заслужува како и секое друго дете.
Да ја покажеме хуманоста и човечноста уште денес за овој мал борец, и да придонесеме и помогнеме заеднички со донирање за рехабилитацијата на Војдан, којашто се очекува да трае минимум една година, со препорачан почеток на 7 март 2022 година.
Кај заболените од церебрална парализа и оние кои се под голем ризик за развој на оваа болест, од огромна важност е со рехабилитацијата да се започне што порано со цел да се подобри состојбата и да се овозможи нормален живот.
Секој може да донира на неколку различни начини, преку повик на мобилен број, преку уплата на банкарска сметка, или преку GoFundMe ме платформата.
Броевите и трансакциските сметки за донации се следните:
А1 – 143 470
Телеком – 143 145
Достапни банкарски сметки за донирање:
IBAN – MK07280107101015332
SWIFT CODE – KRSKMK2Х
Трансакциска: 280107102128795
Активен линк за донација преку платформата GoFundMe – “Vojdan's Cerebral Paralysis Healing Therapy” ТУКА.
#ГолемаПомошЗаМалиотВојдан