Атракција во Дојран: Нутрија без страв си „позира“ пред минувачите покрај езерото (фото)
- Детали
- понеделник, 07 февруари 2022
Фотографии од интересна сцена покрај Дојранското Езеро станаа вирален хит... Нутрија им „позира“ на минувачите.
Ѓорѓи Ичев во Фејсбук групата „Патувања низ Македонија“ сподели фотографии кои сведочат за интересна сцена во Дојран.
Тој фотографирал нутрија покрај Дојранското Езеро, за која вели дека не се плашела од случајните минувачи.
„Вчера 6.02.2022 најголема атракција во Дојран беше нутријата која без страв, цело време позираше на многубројните гости“, напиша Ѓорѓи во описот на фотографиите.
Нутрија е голем тревопасен, полуакватичен глодач. Потекнува од умерените зони на Јужна Америка, но луѓето го имаат пренесено во Северна Америка, Европа, Азија и Африка, првенствено заради одгледување за крзно. Го има и во Македонија, како што сведочат и фотографиите.
Иако во некои региони овој глодач сѐ уште го ценат поради крзното, неговиот деструктивен начин на исхрана и копање дупки го прават овој инвазивен вид штетник низ поголем дел од неговата животна средина.
Сцената од Дојран:
С. С. | Црнобело / фото: Ѓорѓи Ичев - Фејсбук група Патувања низ Македонија