Maкедонка со магични раце креираше ремек-дело на чинија во чест на Тоше Проески
- Детали
- среда, 26 јануари 2022
Тоше Проески е инспирација и 14 години по смртта, а креативната Данче од Гевгелија со своите магични раце направи ремек-дело во чест на неговиот роденден (25.01).
Данче Томашевиќ потекнува од Гевгелија, а поради љубовта се пресели во Нови Сад каде гради живот со сопругот и трите прекрасни дечиња.
Таа го води Инстаграм профилoт „Mama sa Limana“ кој мами воздишки уште на прв поглед. Го отворате и првото нешто што ви паѓа на ум е дека тоа е вистинска уметност на чинија.
Посветеност на детали, креативност, трпеливост и што уште не, начинот на кој ја декорира храната е вистинска уметност.
Повеќе од 11.000 следбеници секојдневно уживаат во нејзините дела.
Но, сега таа се надмина себеси по повод денот (25.01) на кој нашиот ангел Тоше Проески ќе наполнеше 41 година.
Таа со помош на храна направи ремек дело во негова чест.
Данче во описот напиша:
„Тоше Проески ќе наполнеше 41 година. Засекогаш во нашите срца. Шареното ‘тањирче’ e направено од тортилја, пире од компир, оризови листови за правење на ролнички, црна палачинка обоена со активен јаглед, суво овошје, малина и соја сос како боја.
Иако сето тоа се јаде, ова шарено ‘тањирче’ е направено само за декорација.“
Погледнете повеќе ремек-делa од креативната Данче:
Прочитајте го и нашето интервју со неа: Данче, гевгеличанка која љубовта ја одведе во Србија: „Во Нови Сад имаме плажа на реката Дунав, јавниот превоз е беспрекорен“
С. С. | Црнобело