Цеце Николова за алопецијата: „Ми паднаа 95% од трепките на десното око, но црвените усни стојат и без трепки“
- Детали
- среда, 26 јануари 2022
„Знаат да прашаат - што ти е на окото? Болна си? Мислам дека имаш јачмен. Не дечки, другарка ми алопеција е. Инаку, многу ја сакам сликава, затоа што црвени усни се црвени усни и без трепки и без коса, нели?“, вели инспиративната млада новинарка Цеце Николова, која беше прогласена за херој на годината од Македонија.
Цеце Николова е млада новинарка од Скопје која речиси целиот живот се соочува со алопеција, а пред извесен период собра храброст јавно да ја тргне периката и да му ја прикаже на светот својата различност, односно својата уникатна убавина, со цел да ги инспирира и другите кои се соочуваат со истата ситуација и да им покаже дека не се сами.
Balkan Insight, онлајн изданието на Балканска истражувачка репортерска мрежа (BIRN) токму поради тоа, како и поради активностите со нејзиното Здружение за млади без родители ЗА ТЕБЕ - 4U, кое функционира веќе 2 години, ја избра за херој на годината од Македонија.
Сега, Цеце продолжува со својата мисија и отворено говори и за другите аспекти на алопецијата, односно дека покрај косата, има проблем и со трепките на окото.
https://www.instagram.com/p/CYM4NNDr352/
Нејзината емотивна исповед на Инстаграм:
„Откако ми паднаа 95% од трепките на десното око (сликана сум со предна камера), кога мислев дека ќе доживеам нервен слом пред првото шминкање на кое нема да можам да ставам римел и после кое најверојатно ќе изгледам како болна (а притоа не би ставила вештачки трепки) - ја почнав да уживам цртајќи си ја устата. Но, буквално да уживам.
Па така, иако без трепки на едно око, си добив супер природен бјути изглед и едвај го чекам секој нареден ден за ново, многу внимателно цртање на устата.
*Трепкиве не се мрднати од септември наваму, ама навистина не ме интересира. Но, поради нив знаат да прашаат - што ти е на окото? Болна си? Мислам дека имаш јачмен.
Не дечки, другарка ми #alopecia е.
Инаку, многу ја сакам сликава, затоа што црвени усни се црвени усни и без трепки и без коса, нели?“
https://www.instagram.com/p/CZKj1vZrmci/
Повеќе фотографии од Цеце:
https://www.instagram.com/p/CYJmM4usTYG/
https://www.instagram.com/p/CXkEQP7IeTz/
https://www.instagram.com/p/CV1Bv5-M-yJ/
Прочитајте го и нашето интервју со неа - Цеце Николова (24): „Алопецијата ми помогна да изградам самодоверба, а растењето без родителска грижа ме зајакна“
С. С. | Црнобело