Во чест на роденденот на Тоше: Кинез со моќна изведба на „Боже, чувај ја од зло“ среде Пекинг
- Детали
- вторник, 25 јануари 2022
„Неверојатно. Текстовите на песните на Тоше се животен сопатник и секој може да се пронајде во нив“. Ова се дел од коментарите на видеото што Кинезот Ван Сио Чанг го сподели на социјалните мрежи, со неговата изведба на песна на Тоше Проески.
Често велиме дека Тоше Проески со својата музика успеа да го обедини целиот Балкан, а доказ дека музиката на Тоше Проески не познава граници се и најновите видеа од Кинезот што среде Пекинг ги изведува неговите песни.
Кинезот Ван Сио Чанг на својот профил на Инстаграм досега во повеќе наврати објавувал видеа со неговите изведби на песните на нашиот најпознат поп-пејач Тоше Проески.
По повод роденденот на Тоше, Ванг објави ново видео во кое ја изведува песната „Боже брани је од зла“ испеана на српски јазик.
„’Боже брани је од зла‘ за роденденот на Тоше“ – напиша до видеото Ван.
https://www.instagram.com/tv/CZJ8dOYBSZG/?utm_source=ig_web_copy_link
Тој доби голем број позитивни коментари од неговите следбеници.
„Благодарам од срце, топол поздрав од Македонија“, „Текстовите на песните на Тоше се животен сопатник и секој може да се пронајде во нив“, „Неверојатно“ – се дел од коментарите до видеото.
Инаку, oва не е прво видео на Ван во кое изведува песна од легендарниот Тоше, тој и во минатото изведувал и други познати песни.
Погледнете го видеото од неговата изведба на песната „Цреша“:
Б. С. Б. | Црнобело