Кинез среде Пекинг ги пее песните од Тоше Проески – горди сме! (видео)
- Детали
- вторник, 30 ноември 2021
„Браво, поздрави од Македонија, татковината на Тоше Проески. Ти Благодариме“ е само еден од прекрасните коментари од Македонци под видеата на уличниот изведувач од Кина. Тој навистина нè допре до срце со изведбите од нашиот непреболен Тоше.
Кога ќе помислите дека не се случуваат чуда и животот е сив, ќе чуете како песна од македонски изведувач се пее од страна на кинески уличен изведувач среде Пекинг, и тогаш сфаќате дека сè е можно и дека животот е навистина убав и е преполн изненадувања.
И нормално од кој друг да биде таа песна, ако не од нашиот легендарен Тоше Проески.
Уличниот изведувач, на Инстаграм потпишан како Wang Xiao Chong, среде Пекинг ги пее на српски песните на легендарниот Тоше.
фото: Инстаграм
Тој ги отпеа „Још увек сањам да смо заједно“ и „Чија си“, а Македонците му оставија коментари полни пофалби под видеата на неговиот Инстаграм профил.
фото: Инстаграм
„Браво, поздрави од Македонија, татковината на Тоше Проески. Ти Благодариме“, гласи еден од коментарите.
Слушнете ги неговите изведби на песните на Тоше:
С. С. | Црнобело