Маја Кикириткова го прослави 2-иот роденден на ќерката со уникатни рачно изработени детали (фото)
- Детали
- вторник, 18 јануари 2022
„Среќна 2-ка ѕверче мало“, напиша Маја и организираше прекрасна роденденска забава во својот дом за нејзината наследничка со детали како уникатните еленчиња од картон за декорација на чиниите.
Дизајнерката Маја Кикириткова е навистина креативна кога станува збор за родендените на нејзините деца.
За 4-тиот роденден на нејзиниот син таа му организираше диско тематска забава, додека за нејзината ќеркичка по повод 2-иот роденден организираше забава обоена во златно, со рачно изработени детали, како што се еленчињата од картон за декорација на чиниите.
„Среќна 2-ка ѕверче мало“, напиша Маја во описот на фотографиите на Инстаграм и додаде: „Ви благодарам на сите за роденденските честитки, само убавини и кај сите вас посакувам. Догодина се надеваме без пандемија околу нас и собрани во поширок состав.“
Фотографии од роденденот:
С. С. | Црнобело