„Ти посака диско“ - Македонка организираше тематска забава за 4-иот роденден на синот (фото)
- Детали
- четврток, 23 декември 2021
Со сребрени и црни балони, торта со диско топки и сјајни колачиња, Маја Кикириткова му ја креираше забавата од соништата на својот 4-годишен син. Дури и облеката на 4-членото семејство беше со диско мотиви.
Кога станува збор за детските родендени потребно е само малку желба и кретивност за на вашето дете да му ја создадете бајката која ја посакува.
Така, синчето на македонската дизајнерка Маја Кикириткова посакало диско забава, па Маја со помош на сребрени балони и торта со диско топки му ја креираше забавата од соништата.
Малиот Лазар танцуваше со диско музика и уживаше во неговиот 4-ти роденден со другарчињата.
„Среќна 4ка синко. Ти посака диско роденден, а тато и мама ти ја исполнија желбата. Да растеш безгрижен и најсреќен!“, напиша Маја во описот на фотографиите од роденденот.
С. С. | Црнобело