Македонка ослабе 38kg: „Никако не собирав сила да излезам од комфор зоната“

„Ми беше удобно, вкусно и топличко, без разлика што после секое прејадување до степен да не можам асално воздух да земам беше проследено со осудувачки погледи во огледалото и секогаш си го поставував истото прашање: „До кога?“...“, искрено раскажува Кике Цветче, девојката која успеа да ослабе неверојатни 38 килограми со исхрана и вежбање.

makedonka-oslabe-38kg-nikako-ne-sobirav-sila-da-izlezam-od-komfor-zonata-01.jpg

Кике Цветче е македонска јутјуберка која слабее на здрав начин со режим на вежбање и исхрана.

Таа храбро ја води битката со сама себе и стигна до резултат од минус 38kg, а објави и фотографии од трансформацијата досега.

За својот пат и трансформацијата Кики Цветче искрено проговори:

„Отсекогаш сум гледала и читала за вакви трансформации и сум знаела што треба да направам за да ми се случи и мене истото, ама сум ја учела теоријата. Во пракса сум заминувала во сосема спротивната насока.

„Да си посветиш на себеси една година од целокупниот живот за да направиш таква промена е стварно мал временски период“, нонстоп си повторував во себе, ама никако не собирав сила да излезам од комфор зоната во којашто се имав завиено. Ми беше удобно, вкусно и топличко, без разлика шо после секое прејадување до степен да не можам асално воздух да земам беше проследено со осудувачки погледи во огледалото и секогаш си го поставував истото прашање: „До кога?“

Првиот одбранбен потег во таа битка помеѓу јас и јас беше утехата дека сепак сум уживала во тоа, дека ми е вкусно и дека не треба да си ги ускратувам задоволствата во животот. Многу мазохистички пристап.

Сега, година и некој месец подоцна, научив правилно да уживам во храната, со тоа што мораше претходно да научам да уживам во себе.

Сепак, трансформацијата не е вечен процес и со сигурност можам да кажам дека мојата трансформација е веќе направена. Тоа што се гледа однадвор е релативно и различно во сечии очи, но промената на егзистенцијалната перцепција е трансформацијата кон која целев.

-38

Прочитајте и Македонка драстично ослабе и ги покажа стриите одблизу: „Oколината ме воспиталa дека стриите се грди“

Нејзината трансформација:

makedonka-oslabe-38kg-nikako-ne-sobirav-sila-da-izlezam-od-komfor-zonata-03.jpg

makedonka-oslabe-38kg-nikako-ne-sobirav-sila-da-izlezam-od-komfor-zonata-06.jpg

makedonka-oslabe-38kg-nikako-ne-sobirav-sila-da-izlezam-od-komfor-zonata-04.jpg

makedonka-oslabe-38kg-nikako-ne-sobirav-sila-da-izlezam-od-komfor-zonata-02.jpg

makedonka-oslabe-38kg-nikako-ne-sobirav-sila-da-izlezam-od-komfor-zonata-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg