Планината Китка е како сцена од зимска бајка (фото)
- Детали
- среда, 08 декември 2021
Дрвени куќички прекриени со снег на покривите, гранки од дрвја натежнати од снег... Китка е зимска бајка.
Китка е планина во Македонија, која се наоѓа југоисточно од градот Скопје и која периодов изгледа како сцена од зимска бајка.
Со дрвени куќички натежнати од снег, со зимзелени дрвја обоени во бело и недогледно бело пространство.
Китка е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка. На запад се поврзува со планината Караџица, а на југ со Голешница.
Највисок е истоимениот врв Китка со надморска височина од 1.588 метри, а на билото се истакнува и врвот Краста (1.445 м) и препознатливите карпести облици.
Атмосферата на Китка, преку фотографии од Фејсбук профилот Китка:
С. С. | Црнобело / фото: Фејсбук Китка