Талат нова униформа, Јелена нова фризура: Преспавци со нов имиџ во 6-тата сезона (фото)
- Детали
- сабота, 27 ноември 2021
„Па, кај сте бе дечки бе!!! Оваа година средена ко увек, расположена ко увек, синдикалка још поише у душа, со 100 работни места за иста плата – ништо ново за државава!“, се огласи рецепционерката Јелена од Драчево на Фејсбук и го покажа својот нов имиџ, заедно со останатите наши омилени Преспавци.
Заводникот Коста и во новата сезона на серијата Преспав ќе флертува со златен синџир на вратот, а Ула ќе ги носи очилата кои ѝ го даваат препознатливиот строг изглед, но ќе има и многу промени во изгледот на нашите омилени Преспавци.
Талат и Марио ќе ги видиме со нови униформи, Јелена со нова фризура, Миле без брада, а пак инспекторот Томе со уште поретро избор на модни парчиња.
Јелена Јованова во духот на рецепционерката Јелена од Драчево се огласи на Фејсбук:
„Па, кај сте бе дечки бе!!! Оваа година средена ко увек, расположена ко увек, синдикалка још поише у душа, со 100 работни места за иста плата – ништо ново за државава! Со надеж за принцот на коњ, ама и коњот не само принцот пошо од нешто мора да се живее, со најбољи маникир и фризура, со најбољи аутфит и шминка, со СТАВ бе дечки, со све. Ве сака Јелена од Драчево – срцето на Скопје!“
Фотограф на кампањата: Антонио Станков
Дизајн: Ана Стојановска
Идеја и концепт: Деница Бојаровска и Ана Стојановска
Костимограф: Емилија И. Атанасовска
Шминкер: Јана Гогушевска Мандевска
Новиот стил на Преспавци во шестата сезона од серијата:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





