Најубавите фотки од фламингата на Охридското Езеро
- Детали
- вторник, 23 ноември 2021
„До пред да одам јас да ги снимам, биле 7 единки а сега останати се само три, но глетката беше неверојатна“, открива охриѓанецот Зоран Спирковски за CRNOBELO.com, кој ги направи најубавите фотки од фламингата во Охридското Езеро.
Пред извесен период уживавме во првите фотки од фламингата во новото живеалиште во Скопје ЗОО, кои потоа можевме и да ги посетиме, а деновиве такви бајковити сцени осамнуваат од Охридското Езеро.
Зоран Спирковски од Охрид, кој се занимава со фотографија од хоби, направи прекрасни фотографии од фламингата на Охридското Езеро, кои се хит периодов.
Тој за CRNOBELO.com открива каде ги направил овие совршени дела:
„Снимените фламинга се наоѓаат на крајниот јужен дел од Охридското Езеро, во Албанија помеѓу Тушемиште и Поградец. Според некои експерти за птици (орнитолози) претпоставка е дека се дојдени од Албанското морко крајбрежје или од островот Крф (Грција), каде тие се гнездат.
До пред да одам јас да ги снимам, биле 7 единки а сега останати се само три.“
Flamingos at Lake Ohrid
Posted by Zoran Spirkovski on Friday, November 19, 2021
Фотки од фламингата:
С. С. | Црнобело / Фото: Зоран Спирковски