Гуштер на вратот, смел стајлинг за во кабаре – Како инфлуенсерката Даниела Ѓуровска го прослави роденденот?
- Детали
- понеделник, 22 јануари 2024
„Роденденски викенд... 6 возрасни и едно бебе“ – модната инфлуенсерка Даниела Ѓуровска сподели фотки од патувањето за нејзиниот 29-ти роденден. Таа го посетила Белград со блиските, а заедно со нив бил и нејзиниот 6-месечен син.
Модната инфлуенсерка Даниела Ѓуровска викендов го прослави својот 29-ти роденден, а по тој повод беше на патување во Белград.
Освен што објави фотки на кои позира со торта, во сребрен фустан и бела маица, надополнет со ѓердан во форма на гуштер, таа сподели и повеќе фотки и видеа со кои откри дека викендот во Белград го искористиле за прошетки, но и за посета на кабарето Laffayette.
На фотките од кабарето Даниела позира во црвен смел фустан, надополнет со големи висечки обетки изработени со разнобојни камења. Како што може да се види од објавените фотки и видеа, друштвото убаво се забавувало и уживало во настапите во кабарето.
Кликнете на стрелките од објавата за да ги погледнете видеата:
На другите фотки, пак, позира во шик костим во беж боја, заедно со синот Давуд, кој се роди во јули годинава.
„Роденденски викенд... 6 возрасни и едно бебе. Од спонтани прекрасни патувања да не куртулиме годинава“ – напиша таа на фотографијата на која позира и каде се гледа дека и Белград викендов бил прекриен со снег.