Едина Муса со бившиот на Тамара во Белград, Пере заљубен во сопругата: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- вторник, 09 јануари 2024
Кошаркарката Едина Муса објави неколку фотографии со поранешниот сопруг на Тамара, Александар Димитровски - Мачка, направени во Белград, Јелена Спенџарска го помина празникот со семејството, па објави фотка со опис „Четири генерации жени“.
Почетокот на јануари некои од познатите Македонци го искористија да отидат на зимување, а други останаа дома и уживаа во празниците со саканите.
Кралот на трубата, Џамбо Агушев, се пофали дека во родната Струмица се дружел со својот пријател Горан Пандев, па сподели заедничка фотка.
Водителот Ненад Георгиевски е во Банско со сопругата и близнаците, а Ване Маркоски, кој Нова година ја дочека во Белград, го искористи патувањето да го посети и Темишвар во Романија.