Ребека со семејни фотки му го честиташе 15-тиот роденден на синот Маркијан
- Детали
- петок, 05 ноември 2021
„Најголемата наша желба е да бидеш среќен и опкружен со добри луѓе“, гласи дел од честитката на Ребека, која објави стари семејни фотки за роденденот на Маркијан.
Синот на пејачката и активистка Ребека, Маркијан, денес (05.11) полни 15 години. Таа со фотографии од старите семејни албуми му го честиташе роденденот и му напиша емотивна посвета.
Инаку, Ребека со сопругот Милан, покрај синот Маркијан, има и близначиња.
Емотивната објава:
Најголемата наша желба е да бидеш среќен и опкружен со добри луѓе. Нашата мисија е долга и сè уште трае.
Се молам за повеќе добрина во светот кој го врти погледот. Жалам за лошите политики, површните анализи, некомпетентните функции на нашите „презафатени“ политичари и нивните грешни души.
Среќен роденден Батка, Мангупски, љубовче и сонце наше.
Те сакаме
https://www.facebook.com/rebeka.risteski/posts/10222147841580058
Прочитајте и Ребека со трите сина му го прослави 48-от роденден на сопругот во домашна атмосфера (фото)
С. С. | Црнобело