Ребека со трите сина му го прослави 48-от роденден на сопругот во домашна атмосфера (фото)
- Детали
- четврток, 25 март 2021
„Тој ни вреди како злато, ти си нашиот херој прав“... Во весела домашна атмосфера полна емоции, Ребека и Милан со трите дечиња го славеа роденденот на доктор Милан.
Сопругот на Ребека, докторот Милан Ристески, вчера (24.03) го прослави својот 48-ми роденден.
Прво, нивните близначиња му отпеаја песна за среќен роденден, а Ребека во описот на видеото напиша:
Ние си имаме еден тато,
Тој ни вреди како злато,
Ти си нашиот херој прав,
Кој од ништо нема страв,
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЉУБОВ НАША
ТЕ САКАМЕ
https://www.facebook.com/rebeka.risteski/posts/10220961279916758
Потоа, семејството доби торта од блиска пријателка и во својот дом заедно со најстариот син Маркијан, сите го прославија овој убав повод.
„Денес на врата ни дојде тортата за тато Мики, најубава во свет, а ја донесе една прекрасна жена, мајка Ивана. Драга Ивана, Ти благодариме од сѐ срце што ни го разубаве роденденот и просторот со твоето ремек дело. Пола ја лапнавме“, напиша Ребека.
https://www.facebook.com/rebeka.risteski/posts/10220962999839755
С. С. | Црнобело