Стража прекриена со снежна прекривка - Славица од Гостивар ни ја пренесува атмосферата оттаму (фото)
- Детали
- четврток, 14 октомври 2021
„Работам на стража веќе 5 години и утрово нè пречека вистинска снежна идила… Tопол чај и снегче, зарем има нешто поубаво?“, вели 32-годишната Славица Момировска од Гостивар за CRNOBELO.com.
Славица Момировска (32) од Гостивар веќе 5 години работи на бензинска пумпа на Стража, планински превој во западна Македонија кој ги спојува Полошката и Кичевската Котлина на надморска височина од 1.212 метри.
Утрово (14.10) на работното место за првпат оваа сезона ја дочека снег.
Стража е под тенка снежна прекривка, уште вее снег и изгледа бајковито.
„Ние ‘стражарите’ сме навикнати на ваква идила, но оваа година нè изненади малку порано. Доаѓајќи на работа во Лукоил ова утро нè пречека оваа зимска слика. Повелете на топол чај и ваква идила, секако обезбедете се со зимска опрема и внимателно возете“, вели Славица.
Фотографии од Стража од Славица Момировска за CRNOBELO.com:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело