Славица Момировска: „Њујорк за мене е центар на светот, во Тајланд кривично дело е да се навредува кралот“

Од Мексико до Бангкок, преку Мајами и Њујок, до Данска и Шпанија, нејзиниот пасош брои многу печати, а таа брои спомени, доживувања и пријателства. Вели дека најшармантни се Латиноамериканците, ги обожава мексиканските плажи, а што се случува во Лас Вегас, таму и останува. За Славица Момировска (32) од Гостивар патувањата се храна на душата и едвај чека да заврши пандемијата за да ги спакува куферите со карта за Доминиканската Република...

slavica-momirovska-njujork-za-mene-e-centar-na-svetot-vo-tajland-krivichno-delo-e-da-se-navreduva-kralot-01.jpg

Славица Момировска (32), политиколог и магистер по дипломатија и политички науки, од Гостивар е вљубеничка во патувањата која има извесен период живеено во САД, а од сите посетени земји досега како омилена ја издвојува Мексико. Од плажи до гостопримливост на локалците, вели дека Мексико е дестинација која ја освоила во секој поглед.

Од друга страна пак вели дека покрај сета убавина која ја сервираат патувањата има и некои немили настани, како на пример кога при посетата на Тајланд два дена јадела само пица, затоа што не ѝ се допаднал вкусот на нивната храна, која била сосема поразлична од нашата.

Сепак, како највпечатлив спомен оттаму го носи капењето со слонови, кое вели дека е незаборавно искуство.

За искуствата од патувањата Славица открива за CRNOBELO.com…

Омилена дестинација што ја имаш посетено и каде што посакуваш повторно да се вратиш?

Имам посетено триесетина земји досега, но дефинитивно Мексико ми е омилена... Тоа е земјата на сомбрерата, текилите, тортиљите и омилениот чили сос.

Патувањето во Мексико ми е останато како еден од најубавите спомени. Мексиканците се доста пријатен и гостопримлив народ. Од преубавите рајски плажи на Канкун, тиркизното Карипско море, до културните богатства на Јукатан, Чичен Ица, центарот на Маите, тамошните селца и вредниот и мил народ, заедно со вкусната храна...

Мексико дефинтиивно е дестинација која повторно сакам да ја посетам, едноставно прекрасните мексикански плажи, звукот на маријачите, лудиот ноќен живот, прекрасната храна, погледот кон морскиот свет на Кариби е нешто што треба повторно да се доживее.

patuvame-so-slavica-voodushevena-od-tajland-go-obozava-njujork-i-povtorno-bi-se-vratila-vo-meksiko-kaj-sharmantnite-latinci-01_630x900.jpg

Дали би се отселила од Македонија и која држава е твојот избор за втор дом?

Ако би се отселила, сигурно би било некаде каде што е претежно сончево, каде што има море, пријатен народ... Но, да оставиме да испитам уште многу дестинации кои ми се на листата, па да одлучам потоа.

Сега за сега сум дома, во Македонија, со сите луѓе кои ми ја греат душата.

slavica-momirovska-njujork-za-mene-e-centar-na-svetot-vo-tajland-krivichno-delo-e-da-se-navreduva-kralot-06.jpg

Какво беше твоето искуство со „Work and travel“ програмата во САД?

Животно искуство! Лично јас сум многу задоволна од оваа програма. Америка која некогаш сме ја гледале и чувствувале само на платно е предизвик да ја запознаеш лично.

Од свое искуство тврдам дека е скок за јакнење и осамостојување како личност, како и можност за отворање на поразлични видици кон културите и светот. Работата во средина каде што се цени трудот, те ценат како работник и доколку си квалитетен имаш можност за унапредување.

Запознав многу млади и амбициозни студенти од цел свет кои исто летуваа и работеа во Америка, се родија многу пријателства со луѓе од таму и од секаде кои траат до ден денес и сум горда на тоа.

Работев, а во слободното време патував низ Америка, голем дел од Њу Џерси бидејќи и таму живеев, потоа Вашингтон, Њујорк, Филадефија, Мајами, Лос Анџелес, Сан Франциско, Вегас итн.

slavica-momirovska-njujork-za-mene-e-centar-na-svetot-vo-tajland-krivichno-delo-e-da-se-navreduva-kralot-02.jpg

Дали ја препорачуваш оваа програма на сегашните студенти?

Препорачувам сите кои имаат желба и можност да не се двоумат и да учествуваат барем едно лето на „Work and Travel“ програмата. Ќе се надополнат со едно искуство плус.

patuvame-so-slavica-voodushevena-od-tajland-go-obozava-njujork-i-povtorno-bi-se-vratila-vo-meksiko-kaj-sharmantnite-latinci-03_630x800.jpg

Какви се Американците како пријатели и колеги?

Американците едноставно си го гледаат својот начин на живот. Не сакаат многу близина но од друга страна тоа не ги прави лоши пријатели,  туку таков е нивниот начин на живот.

Добри се, пријатели се! Битно е да си човек и да ги негуваш оние вистински вредности, а тоа од каде си е само различен стил на живеење и култура.

slavica-momirovska-njujork-za-mene-e-centar-na-svetot-vo-tajland-krivichno-delo-e-da-se-navreduva-kralot-08.jpeg

Мајами или Њујорк и зошто?

Ухх, Њујорк, зошто едноставно ја сакам „џунглата“ идентично опеана од Алиша Кис. Њујорк едноставно е центар на светот! Го сакам метежот таму, буквално е град кој никогаш не спие.

Ја сакам брзината на работниците кои дури и кога пешачат тие работат, го сакам вкусот на кафето испиено на 5-та авенија и вкусниот „уличен“ познат хот дог... Едноставно е град кој те купува во сите 4 годишни времиња.

Лас Вегас... дали е она што го гледаме на телевизија?

Лас Вегас е и повеќе од она што го гледаме на телевизија.

Вегас е единствено место каде што парите „зборуваат“ и викаат ЧАО, како што кажал Френк Синатра. Место каде што можеш да направиш сè што си посакал и замислил, но ќе се задржам тука за да ве мотивирам сами да го искусите и посетите затоа што навистина е „What happened in Vegas, stays in Vegas“.

Тајланд е твојата прва посетена ориентална дестинација... Кои беа твоите впечатоци во првиот миг при допирот со оваа култура?

Да, Тајланд е нешто многу поразлично од она што е блиску до нас! Една поразлична и би рекла специфична култура. Искрено кога првпат стапнав во Бангкок сè ми се виде многу бучно и хаотично, а и првиот ден мислев дека цело патување нема да јадам ништо, но во текот на патувањето ги почувствував убавините на таа култура и земја.

Од Бангкок кој важи за еден од најпознатите азиски космополитски градови, до преубавите острови Phi Phi и авантурите низ Chiang Mai, од уживањето, хранењето и капењето на слонови, до храбриот чекор и посетата на кралството на тигрите, авантурите со Zip Line, мора да признаам дека имаше низа незаборавни мигови.

patuvame-so-slavica-voodushevena-od-tajland-go-obozava-njujork-i-povtorno-bi-se-vratila-vo-meksiko-kaj-sharmantnite-latinci-06_630x900.jpg

Какви се цените во Тајланд на храна и пијалаци?

Цените се солидни, со оглед на тоа дека се наоѓаш на друг крај на светот, можам да речам дури и ниски.

slavica-momirovska-njujork-za-mene-e-centar-na-svetot-vo-tajland-krivichno-delo-e-da-se-navreduva-kralot-03.jpeg

Дали вкуси некој традиционален деликатес?

Pad Thai, нешто што можев да го јадам, не експeриментирав многу со тамошната храна, ама затоа уживав во достапноста на разни тропски овошја.

Омилениот дел од патувањето во Тајланд?

Уживањето на Crabi и Phi Phi островот и посетата на плажата Maya Bay каде што е сниман филмот на Леонардо Ди Каприо – „The Beach“. Пловењето по кристалната вода со Thai чамчињата и разговорите со мештаните кои споделуваа разни искуства од нивното секојдневие.

patuvame-so-slavica-voodushevena-od-tajland-go-obozava-njujork-i-povtorno-bi-se-vratila-vo-meksiko-kaj-sharmantnite-latinci-10_630x900.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg