Славица Момировска: „Њујорк за мене е центар на светот, во Тајланд кривично дело е да се навредува кралот“

Што најмногу те воодушеви во Бангкок?

Величествените храмови, автентичните канали, раздвижените пазари по вода, убавите и чисти плажи.

slavica-momirovska-njujork-za-mene-e-centar-na-svetot-vo-tajland-krivichno-delo-e-da-se-navreduva-kralot-22.jpg

Дали имаше можност да посетиш некој храм и какво е чувството?

Да, посетив неколку, со оглед на тоа што Тајланд е земја на будизмот, само во Бангкок има над 400 храмови или по нивно Wat. При посета на ваквите места, строго треба да се почитува кодексот на облекување и да се облекувате со почит кон традицијата. Има доста богато културно значајни и историски интересни храмови, но и импресивна кралска историја.

Од многуте храмови би го издвоила храмот Ват Фо на лежечкиот Буда, кој е еден од најстарите храмови во Тајланд, вклучува многу уникатни културни и историски споменици. Повеќе од 90 отсто од популацијата го следат будизмот и монасите таму се од голема важност. Неприфатливо е да се зборува со некој подбивачки тон за нивните верски правила и ритуали, а исто така кривично дело е да се навредува кралот, и затоа често жителите не одговараат на прашања поврзани за кралот и кралското семејство.

slavica-momirovska-njujork-za-mene-e-centar-na-svetot-vo-tajland-krivichno-delo-e-da-se-navreduva-kralot-09.jpg

Од нашите соседи и европски дестинации, која ти е најдрага?

Од соседите често одам за Србија, а од европските дестинации би го издвоила Мадрид, а интересен впечаток ми оставија и скандинавските земји.

slavica-momirovska-njujork-za-mene-e-centar-na-svetot-vo-tajland-krivichno-delo-e-da-se-navreduva-kralot-07.jpg

 По завршувањето на пандемијата за каде ќе купиш авионски билет?

Долго време веќе ја имам на листата со земји за посета и она што ми треба посткарантински е Доминиканската Република, земја со латински дух и бесконечно долги плажи.

Животна лекција која ја имаш научено од своите досегашни патувања?

Па, ова прашање би го започнала со една позната мудра изрека од Сенека: „Патувањето и промената му даваат нова сила на умот“.

Треба да патуваме, од време на време, односно најмногу што можеме да си дозволиме, затоа што секое ново место е нова авантура, спомени и искуство. Кога би направиле една пресметка колку пари трошиме на материјални добра, тогаш ќе сфатиме дека можеме да си дозволиме и да посетиме некои наши омилени дестинации,зошто всушност за возврат ние сме побогати, а богатството не е само материјалното, многу повредно е она духовното богатство, среќата и сето знаење што го стекнуваме патувајќи.

Патувањето нè прави побогати со спомени, со знаења, со искуства. Самото тоа што посетуваш и проучуваш нови места, запознаваш нови луѓе и култури, историја, вкусуваш нова традициј, води кон создавање некоја цел во животот.

patuvame-so-slavica-voodushevena-od-tajland-go-obozava-njujork-i-povtorno-bi-se-vratila-vo-meksiko-kaj-sharmantnite-latinci-12_630x400.jpg

Кое е твоето мислење за локалците во земјите кои си ги посетила - кои се најзгодни, кои најгостопримливи, кои најнељубезни?

Секое место си има своја специфика, па така и луѓето. Тоа е сплет на култура и начин на живеење. Но, еве да речеме дека најзгодни се Латиноамериците, исто така се и доста гостопримливи, многу фини се и Шпанците како домаќини, како поладни изгледаат Скандинавците, барем така ги почувствував кога бев во Данска и Шведска. 

patuvame-so-slavica-voodushevena-od-tajland-go-obozava-njujork-i-povtorno-bi-se-vratila-vo-meksiko-kaj-sharmantnite-latinci-11_630x800.jpg

Град или држава што те има разочарано, едноставно не била тоа што си го очекувала?

Не би издвоила такво место, зошто и да имало некоја непријатност или да не изгледало така како што сум очекувала, сепак е искуство, сепак е спомен и сигурно и на тоа место имало барем нешто што ме купило.

slavica-momirovska-njujork-za-mene-e-centar-na-svetot-vo-tajland-krivichno-delo-e-da-se-navreduva-kralot-05.jpg

Топ 5 листа на досегашните дестинации : 

  • Мора да се посети - Њујорк 
  • Најдобри плажи- Мексико
  • Најлуд ноќен животВегас и Мајами 
  • Најдобар за шопингМадрид и Солун
  • Најзгодни и најшарматни - Латиноамериканците

Повеќе фотки од патувањата на Славица:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg