Македонска инфлуенсерка со романтични свадбени фотки, каде миленикот е во главна улога
- Детали
- вторник, 12 октомври 2021
Со бајковита венчаница во боја на шампањ и романтични детали, но пред сè со својот миленик до себе, македонската инфлуенсерка Моника Потер направи прекрасни фотки на свадбениот ден со својот избраник.
Моника Потер, македонска инфлуенсерка со повеќе од 24.000 следбеници, кој крајот на летото направи бајковита свадбена церемонија со својот избраник.
Парот сега ги објави и професионалните фотографии од свадбата каде се гледа дека Моника носи романтична венчаница во боја на шампањ со која има направено вистински моден погодок.
На фотографиите од свадбената фотосесија доминира миленикот, кој е значаен дел од животот на парот. Токму тој им дава посебна магија на фотките.
Свадбената фотосесија на Моника Потер:
С. С. | Црнобело / фото: HelloWeddingPhotography