Најпознатата македонска каратистка покажа дека страда од ретко кожно заболување: „Привилегија е да си различен“

Откако се запиша меѓу десетте најдобри каратистки во светот нашата Пуликсенија Јованоска деновиве одмара во Охрид, од каде објави фотографии и проговори за проблемите со кожата со коишто се соочува.

puliksenija-jovanovska-pokazha-deka-strada-od-retko-kozhno-zaboluvanje-privilegija-e-da-si-razlichen-01.jpg

Најдобрата македонска каратистка Пуликсенија Јованоска (28) на својот Инстаграм профил објави фотографија во бикини на која покажа дека има проблеми со депигментација на кожата, позната и како витилиго. Таа накратко до фотографијата напиша:

„Привилегија е да се биде различен. Ми беше тешко да прифатам, но сега го сакам своето тело.“

По објавувањето на фотографијата имаше голем број коментари што ја охрабрија Пуликсенија.

„Ти си прекрасна“, „Ние со витилиго сме посебни“ – се само некои од коментарите што се појавија до фотографијата.

puliksenija-jovanovska-pokazha-deka-strada-od-retko-kozhno-zaboluvanje-privilegija-e-da-si-razlichen-02.jpg

Од фотографиите може да се забележи дека Пуликсенија страда од истото заболување како и светскиот модел Вини Харлоу, којa со години наназад се обидува да ја нормализира оваа појава.

puliksenija-jovanovska-pokazha-deka-strada-od-retko-kozhno-zaboluvanje-privilegija-e-da-si-razlichen-03.jpg

Што се однесува до состојбата витилиго, не се знае што ја предизвикува, но е безопасна состојба на кожата, а доаѓа до процес кој ги уништува ќелиите одговорни за создавање на пигменти. 

Пулексенија Јованоска е првата македонска каратистка што воопшто се натпреварувала на Олимписки игри и иако заврши на деветтото место, сепак е горда со сопствените успеси со кои ја направи горда нашата земја.

Повеќе фотографии од Пуликсенија во продолжение:

Прочитајте и „Вредеа тренинзите, потта и солзите“ – Македонската каратистка која испиша историја на Олимписките игри

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Горда на родителите - Лина Пејовска (22) му ја пее „Заветна“ на уво на таткo ѝ на семејна прослава Лина со нејзиниот татко Ефто се прегрнува и во еден миг и пеат заедно. Видео со ...
Даниел Кајмакоски среќен покрај сопругата и синот: Црвени капи и празнични аутфити во домот во Белгр... „Се надевам дека уживавте во последните денови од оваа година до максимум. Сите ...
Александра Шијакоска е бремена - објави емотивно видео со сопругот и трудничкото стомаче „Некогаш далечен сон, денес реалност“ – напиша Александра Шијакоска до емотивнот...
Македонката Пулексенија Јовановска руши предрасуди – гордо позира на плажа и го покажа витилигото на... Нашата позната каратистка Пуликсенија Јовановска гордо позира на море и за првпа...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Ксенија Николова: „Позната ми е голготата наречена ин витро оплодување, браво за мајката-херој (61) ... „Верувајте, ин витрото, особено она што е неуспешно по не знам кој пат, преку но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg