Македонката Пулексенија Јовановска руши предрасуди – гордо позира на плажа и го покажа витилигото на телото

Нашата позната каратистка Пулексенија Јовановска гордо позира на море и за првпат целосно го покажа витилигото на нејзиното тело. Таа ги руши предрасудите и покажа дека состојбата е дел од нејзината уникатна убавина и совршеното тело, стекнато со напорни тренинзи и здрав начин на живот.

makedonkata-puliksenija-jovanovska-rushi-predrasudi-gordo-pozira-na-plazha-i-go-pokazha-vitiligoto-na-teloto-01.jpg

Нашата позната каратистка Пулексенија Јовановска го следи примерот на голем број познати светски ѕвезди и покажа дека во модерното време, едноставно нема место за предрасуди.

Ако во минатото дозволуваше само по малку да ѕирне нејзиното витилиго на некои од фотографиите, таа сега одлучи да објави фотографии на Инстаграм на кои гордо позира и покажа дека витилигото не е недостаток и се обиде да ги сруши предрасудите.

makedonkata-puliksenija-jovanovska-rushi-predrasudi-gordo-pozira-na-plazha-i-go-pokazha-vitiligoto-na-teloto-02.jpg

Таа објави повеќе фотографии од нејзиниот одмор, на кои гордо позира и го покажа своето совршено извајано тело, кое е резултат на напорната работа и долгогодишните тренинзи.

„Оди и најди го она што вибрира во твоето битие. Вибрациите не лажат“ – напиша таа до фотографиите.

makedonkata-puliksenija-jovanovska-rushi-predrasudi-gordo-pozira-na-plazha-i-go-pokazha-vitiligoto-na-teloto-03.jpg

За потсетување, Пулексенија е една од нашите најпознати каратистки, која досега повеќепати ја претставувала нашата земја на Олимписките игри.

Витилигото е хронично долготрајно автоимуно нарушување што предизвикува одредени делови на кожата да го загубат пигментот.

makedonkata-puliksenija-jovanovska-rushi-predrasudi-gordo-pozira-na-plazha-i-go-pokazha-vitiligoto-na-teloto-06.jpg

Ова се случува кога меланоцитите – односно клетките на кожата кои го создаваат пигментот се уништуваат, па заради тоа делови на кожата добиваат бела боја.

Засега не постои лек за оваа автоимуна болест, но постојат лекови со коишто состојбата може да се контролира.

makedonkata-puliksenija-jovanovska-rushi-predrasudi-gordo-pozira-na-plazha-i-go-pokazha-vitiligoto-na-teloto-08.jpgВини Харлоу

Меѓу светски познатите личности која прва се обиде да ја нормализира оваа состојба беше канадскиот модел Вини Харлоу, а на нашите простори, неодамна и сопругата на Жељко Јоксимовиќ, Јована откри дека се соочува со истата состојба.

„Јас имам витилиго, па секој што ќе влезе ми вели: ’Леле имаш нешто бело‘“ – рече таа за време на една своја емисија, покажувајќи на своето лице.

makedonkata-puliksenija-jovanovska-rushi-predrasudi-gordo-pozira-na-plazha-i-go-pokazha-vitiligoto-na-teloto-09.jpg

Додека Јована успешно ја скрива состојбата и ја крие, Пулексенија, пак, ни покажа дека нема простор за предрасуди и дена состојбата е дел од нејзината уникатна убавина.

Погледнете дел од нејзините фотографии во продолжение:

makedonkata-puliksenija-jovanovska-rushi-predrasudi-gordo-pozira-na-plazha-i-go-pokazha-vitiligoto-na-teloto-04.jpg

makedonkata-puliksenija-jovanovska-rushi-predrasudi-gordo-pozira-na-plazha-i-go-pokazha-vitiligoto-na-teloto-05.jpg

makedonkata-puliksenija-jovanovska-rushi-predrasudi-gordo-pozira-na-plazha-i-go-pokazha-vitiligoto-na-teloto-07.jpg

makedonkata-puliksenija-jovanovska-rushi-predrasudi-gordo-pozira-na-plazha-i-go-pokazha-vitiligoto-na-teloto-11.jpg

makedonkata-puliksenija-jovanovska-rushi-predrasudi-gordo-pozira-na-plazha-i-go-pokazha-vitiligoto-na-teloto-12.jpg

makedonkata-puliksenija-jovanovska-rushi-predrasudi-gordo-pozira-na-plazha-i-go-pokazha-vitiligoto-na-teloto-14.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Нашата докторка Марија Бунда Калпак почина од рак на дојка, но нејзината мисија не заврши: „Жени, пр... Марија беше личност која многумина ја паметат не само по нејзината стручност, ту...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Наши и регионални познати личности што го кријат идентитетот на татковците на нивните деца Причините се најразлични, некои сметаат дека тоа е дел од нивниот приватен живот...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg