Нашата каратистка Пуликсенија Јовановска прослави роденден во бикини и гордо ги покажа трагите од витилиго: „Ти си природна убавица“
- Детали
- вторник, 12 јули 2022
„Тешко ми беше да прифатам, но го сакам своето тело“ – со овие зборови убавата македонска каратистка Пуликсенија Јовановска објави дека има витилиго, а по повод роденденот објави нова фотографија со која руши предрасуди и добива честитки и позитивни коментари за изгледот.
Македонската каратистка Пуликсенија Јовановска важи за една од најуспешните македонски спортистки, која минатата година ја претставуваше нашата земја на Олимписките игри во Токио, каде се запиша меѓу десетте најдобри каратистки во светот.
Освен со големиот број успеси во спортот, Пуликсенија воодушевува и со совршениот изглед и извајаното тело.
Таа е позната по тоа што често објавува фотографии со кои сака да го нормализира реткото кожно нарушување што предизвикува депигментација на кожата и бели дамки и траги, а е познато како витилиго.
Пуликсенија вчера (11.07) го прослави својот 29-ти роденден, а на Инстаграм објави фотографија на која наздравува во бикини костим за капење и искинати фармерки.
Нашата убавица не се обдиува да ги прикрие трагите од витилиго, истото нарушување кое го има и манекенката Вини Харлоу, која со години наназад се обидува да ја нормализира оваа појава.
Покрај срдечните честитки за роденденот, Пуликсенија доби и коментари во кои нејзините следбеници го пофалија нејзиниот изглед.
„Прекрасна си“, „Ти си природна убавица“ – стои во дел од коментарите.
Инаку, минатата година Пуликсенија на Инстаграм објави уште една фотографија со која ги охрабри сите кои се соочуваат со иста или слична состојба и напиша:
„Привилегија е да си различен. Тешко ми беше да прифатам, но го сакам сопственото тело“.
Прочитајте и Од фудбал до атлетика и бодибилдинг: Најубавите македонски спортистки (фото)
Погледнете дел од нејзините фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело