Изградбата на новиот мост на булеварот АСНОМ во Аеродром е во полн ек

Скопје, 05.08.2021 година - Изградбата на новиот мост на реката Вардар во Аеродром, на булеварот АСНОМ, е во полн ек. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани со нов мост и модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје. Пред неколку дена булеварот АСНОМ почна да се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром.

izgradbata-na-noviot-most-na-bulevarot-asnom-vo-aerodrom-e-vo-poln-ek-01.JPG

Новиот премин преку Вардар ќе ги поврзе улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост ќе биде долг 150 метри, со 6 коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни.

По изградбата на новиот мост и пробивањето на новиот коридор, граѓаните од Ново Лисиче до Судска палата со автомобил ќе стигнуваат за 5 минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути. По овој мост ќе сообраќаат и нови автобуски линии кои дополнително ќе го намалат сообраќајниот метеж.

izgradbata-na-noviot-most-na-bulevarot-asnom-vo-aerodrom-e-vo-poln-ek-02.JPG

Пред неколку дена, булеварот АСНОМ почна да се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром. Третата и последна фаза од изградбата на новиот булевар АСНОМ опфаќа изградба на булевар на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до објектот на поранешен Пролетер во населбата Ќерамидница. Согласно со проектот, оваа фаза опфаќа реконструкција и изградба на дел од булеварот во должина од 317 метри. Реализацијата на овој проект и градежните работи ќе се одвиваат согласно со динамиката на експропријацијата на имотите кои се на неговата траса.

И во овој дел е предвидено модерно булеварско решение со по 3 коловозни ленти во двата правци, странично и средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки и модерно ЛЕД осветлување.

izgradbata-na-noviot-most-na-bulevarot-asnom-vo-aerodrom-e-vo-poln-ek-03.JPG

За потсетување, во мај 2020 година целосно беше реконструиран и проширен булеварот АСНОМ на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак. Проширениот булевар во Аеродром сега има по 3 коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.

izgradbata-na-noviot-most-na-bulevarot-asnom-vo-aerodrom-e-vo-poln-ek-04.JPG

Градот  Скопје продолжува да гради по план изнаоѓајќи сообраќајни решенија што ќе обезбедат одржлива урбана мобилност за граѓаните, а тоа ќе значи побрз, поефикасен, побезбеден и поеколошки сообраќај во Скопје.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Бајковит 5-ти роденден на девојче од Скопје – замок за скокање, бели гулаби и кул катче со телефон з... Славеничката во бело фустанче со плетенки, се забавува под виножито од балони, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg