Љубовна бајка: Марјан ја запроси Ангела на изгрејсонце на Малдиви (фото)
- Детали
- петок, 30 јули 2021
Македонка имаше романтично запросување на изгрејсонце на плажа на Малдиви организирано со „испаничен повик“ од рецепција, прстен, шампањ и ливчиња од рози. Едноставно совршено!
Ангела Николоска (28) периодов престојува на Малдиви со својот партнер Марјан Кукушев (34), каде тој ја запроси на навистина уникатен и романтичен начин.
Фотографиите од запросувањето изгледаат како сцена од бајка, а Марјан на прекрасен начин ја круниса нивната 5-годишна љубов.
Ја контактиравме Ангела за да сподели впечатоци од запросувањето за CRNOBELO.com:
„Навистина Малдиви е неверојатна природа, бајка и совршенство во секој поглед и многу романтична дестинација. Ние бевме на островот Ziyaraifushi, а запросувањето беше многу рано наутро, на изгрејсонце со испаничен повик од рецепција“, сподели Ангела со нас.
Фотки од парот:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / фото: приватна архива за CRNOBELO.com