Трансформацијата на пчеларката со срце планина – Атиџе Муратова блеска со новиот стил (фото)
- Детали
- четврток, 22 јули 2021
Таа е жена со душа како планина и сонце во очите и во последно време блеска со променетиот изглед, иако за нас е прекрасна во секое издание.
Атиџе Муратова, жената која нè направи горди пред светот, скромната и природна жена од селото Бекирлија, која сега живее во селото Дорфулија, жената што ги сака пчелите дури повеќе и од луѓето, денес изгледа поубаво и посреќно од кога било.
Таа е среќна и исполнета од дружбите со нејзината пријателка Сузана Турунџиева, која ѝ е поддршка како во музичката кариера која почна да ја гради, така и во процесот на трансформирање на изгледот.
Атиџе шарените шалвари и марамите на главата ги замени со исфенирана коса, фустани и високи потпетици за специјални пригоди.
Таа ја доведе насмевката до совршенство и едноставно блеска. Но, Атиџе е жена со душа, шарм, со милост во очите и за нас таа е прекрасна во секое издание.
С. С. | Црнобело / фото извор: Фејсбук Сузана Турунџиева