Отворен за посетители „Заливот на пингвините“ во ЗОО во Скопје

Градоначалникот Шилегов и директорот на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, го отворија пингвинариумот – новото живеалиште на пингвините во ЗОО, кој е наречен „Заливот на пингвините“.

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje-01.jpg

- Со пуштањето во употреба на пингвинариумот на едно место ги имаме двата најегзотични и најпопуларни видови на птици - фламинга и пингвини кои за првпат се жители на нашата Зоолошка градина. Пингвинариумот е составен од внатрешен дел со затворен базен, надворешен базен од 180м2, подземен дел со филтри и пуми за вода, како и тераса од 120м2. Направен е и мал зелен кров за да се заштеди на електрична енергија. Граден е по светски стандарди и со идеални услови за овие јужноамерикански пингвини кои најлесно се адаптираат на нашата клима – рече Шилегов.

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje10.jpg

Тој додаде дека Градот Скопје ја финансираше изградбата на двете живеалишта за фламинга и пингвини кои заедно чинат околу 17,7 милиони денари денари, или околу 8,84 милиони по живеалиште.

- Градот Скопје и Зоолошка градина работат на поставување нови стандарди на квалитет и поголема благосостојба на животните, а оттаму и во иднина ќе бидат подобрувани просторните услови на живеалиштата - кажа Шилегов.

Исто така, Градот и ЗОО во континуитет работат и на едукација на посетителите, но и на облагородување на просторот со нови атрактивни содржини кои привлекуваат се поголем број посетители од кои голем дел се странски туристи. 

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje11.jpg

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje12.jpg

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje13.jpg

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje14.jpg

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje15.jpg

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje16.jpg

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje02.jpg

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje03.jpg

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje04.jpg

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje05.jpg

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje06.jpg

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje07.jpg

otvoren-za-posetiteli-zalivot-na-pingvinite-vo-zoo-vo-skopje09.jpg

Би можело да ве интересира:

Лежалка 200 денари, чаша вино 250: Какви се цените во Трпејца ова лето? На плажите може да се најде место и слободна лежалка, а и рестораните не се преп...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg