Во тек е третата трансплантација на срце во историјата на Македонија – браво за докторите и семејството!
- Детали
- недела, 30 мај 2021
Минатата година македонското здравство испиша историја со првата трансплантација на срце, а сега, министерот Филипче објави дека во тек е третата трансплантација – секоја чест за семејството на донорот, како и за нашите доктори.
Утрово во 6.33 часот министерот Филипче објави дека започна процесот за третата трансплантација на срце во нашата земја, а на двајца пациенти ќе им бидат трансплантирани и бубрези.
Прво тимот од Клиника за урологија направи експлантација на бубрези, а потоа утрово, кардиохирурзи направија експлантација на срце, по што следеше трансплантација на органи кај пациенти.
Во тек е експлантација на срце која ја прават колегите кардиохирурзи д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р...
Posted by Венко Филипче on Saturday, May 29, 2021
Моментално се одвива третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја, која ја прават проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, анестезиолозите д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Митасова, д-р Јасмина Илиевска, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри.
Министерот Филипче објави фотографии од операционата сала каде се одвива трансплантацијата на срце.
Првата трансплантација на срце во историјата на македонското здравство беше направена во мај 2020, кога срцето на прерано починатата Емилија повторно зачука, а во април годинава, срцето на Верче даде втор живот на младо момче.
Ова е трета трансплантација на срце во историјата на нашата земја, благодарение на вештите раце на нашите доктори, но пред сѐ благодарение на хуманоста на семејствата на починатите донори, кои во најтешките мигови на загуба се одлучуваат некому да подарат втор живот.
Срцето на нивните сакани зачукува одново! Поклон до земја за семејствата на починатите донори кои поставуваат позитивен, хуман пример!
M. M. | Црнобело