Дарко Димитров од Ротердам за CRNOBELO.com: „Презадоволен сум од настапот на Hurricane, девојките донесоа топ енергија на сцената“
- Детали
- сабота, 22 мај 2021
Енергични и разиграни на сцената, Сања, Ивана и Ксенија уште еднаш докажаа дека се вистински ураганки на финалето на Евровизија 2021.
Вечерва (22.05) во Ротердам се одржува финалната ноќ на 65-тото издание на Евровизија.
Српските претставнички Hurricane настапија 8-ми по ред, а како нивна придружба таму е нашиот Дарко Димитров, кој го направи аранжманот за нивната евровизиска песна „Loco loco“.
Eксклузивно за CRNOBELO.com од Ротердам Дарко Димитров веднаш по настапот на Hurricane изјави: „Презадоволен сум од настапот на девојките полни со енергија, се надевам означија крај на една година затворени без музика и забава и одлично нѐ претставија нас поранешните југословенски држави со нивниот настап.“
Погледнете го нивниот настап во финалето:
С. С. | Црнобело / фото: приватна архива Дарко Димитров